Top Sport

Њукасл преку Тотенхем до четвртото место во Премиерлигата

Њукасл оствари важна победа во Лондон, во дуелот со Тотенхем (2:1). Тотенхем го доживеа вториот пораз во последните четири дена, остана на третото место на табелата со 23 бода. Од друга страна, Њукасл нема пораз на последните седум натпревари, екипата на Еди Хау се искачи на четвртото место со 21 бод, колку што има и Челси.

Њукасл победата над индиспинираниот Тотенхем ја обезбеди во првото полувреме. Иго Љорис два пати ја вадеше топката од својата мрежа. Првиот гол за Њукасл го постигна Калум Вилсон во 11., а вториот Алмирон во 40.минута.

Во раната фаза од вториот дел, во 54.минута, Хари Кејн го намали резултатот. Кејн го постигна 10 гол во Премиер лигата.

До крајот на мечот домашните фудбалери не успеаја да сместа уште една топка зад грбот на Ник Поуп со што би го избегнале поразот.

Scroll to Top