Top Sport

Рикардо ќе замине од Ред Бул

Австралиецот Даниел Рикардо по завршувањето на сезоната ќе си замине од Ред Бул, објави британскиот сервис „Би-би-си“, по што Рено Ф1 тимот потврди дека Австралиецот има двегодишен договор со францускиот тим.

Иако неодамна изјави дека очекува новиот две годишен договор да го потпише до трката за Големата награда на Белгија, на 26.август, Рикардо сепак решил да го напушти тимот.

fot: epa

Шефот на тимот Кристијан Хорнер изјавил дека ќе ја почитува одлуката на Рикардо и дека ќе започне да бара возач кој ќе го замени во тимот.

Рикардо, во тековната сезона, се наоѓа на петтото место во генералниот пласман.

Рено Ф1 потврдија дека имаат двегодишен договор со австралискиот тркач во изненадувачки развој на настаните пред августовската Ф1 пауза.

„Ова е најверојатно една од најтешките одлуки кои сум ги направил во кариерата, но верував дека е вистинско време за мене да имам нов предизвик. Сфаќам дека ме очекува голема работа со Рено за да го вратиме тимот на шампионските патеки, но знам дека секогаш кога Рено беа во Ф1, на крајот стануваа шампиони“, изјави Рикардо.

 

Scroll to Top