Top Sport

Рикардо: Не сакам да одам во Ферари и да бидам втор

Даниел Рикардо признава дека би одговорил на секој повик од Ферари, но посочува дека сака да постигне резултати со Рено и дека не би заминал во италијанскиот тим само да биде втор.

Рикардо ги изненади сите кога минатата година замина од Ред бул во Рено, и минатата сезона не успеа да стигне до ниту еден подиум, а Рено завршија како петти во генерален пласман. Тој има договор со францускиот тим до крајот на сезоната, и повторно се шпекулира дека би можел да го замени својот поранешен колега Себастијан Фетел во Ферари доколку Германецот реши да не го продолжи договорот.

„Ако ме повикаат, секако ќе им одговорам, но сакам да имаме добра сезона со Рено. Не сакам да се чувствувам дека дојдов во Рено само да избегам од Ред бул и потоа да барам подобра алтернатива и да бидам втор со Ферари. Идеално, сакам да останам во Рено и повеќе од овие две години, но рано е да се зборува“, вели Рикардо.

Scroll to Top