Top Sport

Солскјер признава: Ќе страдаме ако не одиме во ЛШ

Оле Гунар Солскјер признава дека Манчестер јунајтед може да добијат голем финансиски удар ако повторно не успеат да се квалификуваат во Лигата на шампионите ниту во следната сезона.

Оваа сезона, Јунајтед играат во Лига Европа, каде што утре ги пречекуваат Клуб Бриж во вториот меч од 1/16 финалето, по 1:1 ремито во Белгија, а во вторникот клубот ги објави последните финансиски извештаи кои покажуваат пад на приходите во вторите шест месеци во 2018 за 12 отсто како резултат на парите од ЛШ.

Јунајтед се петти во Премиер лигата, место кое може да носи во ЛШ доколку остане двегодишната суспензија на Манчестер сити од европските натпреварувања, но Солскјер знае што е неговиот приоритет – топ 4 пласман.

„Ние сме голем клуб со големи приходи, но ако подолго време си надвор од ЛШ, тогаш страдаш, така што амбицијата е да се вратиме во ЛШ. Поради фудбалски, но и поради финансиски причини. Мораме да се фокусираме во финишот на сезоната. Можно е да влеземе во ЛШ преку Премиер лигата и преку Лига Европа, но во куп-натпреварувањата никогаш не знаете кога ќе имате лош ден. Затоа одиме на топ 4 пласман“, вели Солскјер.

Scroll to Top