Top Sport

Рикардо нема да вози наредната сезона

Даниел Рикиардо, возачот на Мекларен, ги откри своите планови. Рикардо, поради лошата форма остана без договор со Мекларен. Австралиецот откри дека ќе земе подолг одмор.

„Нема да возам следната година во Формула 1. Сè уште сакам да бидам дел од најбрзиот караван во иднина, но искрено во моментов ми треба пауза“, изјави Рикиардо.

Поранешниот возач на Ред Бул планира да се врати во 2024 година.

„Ќе видиме како ќе се одвиваат работите и какви планови ќе имаат тимовите. Во секој случај, по „ресетирањето“ верувам дека ќе се вратам во Формула 1“.

 

Scroll to Top