Top Sport

Рикардо планира да се врати во Ред бул на местото на Перез

Даниел Рикардо вели дека повторно се „заљубил“ во Формула 1 пред враќањето во спортот со Алфа Таури од Унгарското ГП овој викенд, и посочи дека главната цел му е враќање во првиот тим на Ред бул.

Австралиецот остана без место во Ф1 по отпуштањето од Мекларен минатата сезона, по што Ред бул го вратија како трет возач, работејќи на симулаторот пред да донесат одлука да го отпуштат Ник де Фрис и на негово место да го вратат Рикардо.

„Имав доволно време да се ресетирам и да уживам повторно. Веќе ја почувствував таа желба на симулаторот и сега сакам бргу да се вратам во ритам. Посебно откако го пробав тој болид на Ред бул кој навистина сакам да го возам. Сепак, реално, за место во Ред бул има процес и патека и ова е најдобриот пат за мене“, вели Рикардо.

Тој не крие дека главна цел е местото на Серхио Перез во Ред бул, кое го имаше од 2014 до 2018.

Scroll to Top