Top Sport

Жозе Мурињо е „темпирана“ бомба во Рим

Навивачите на Рома, како и Жозе Мурињо сe соочуваат со неизвесност и чекање. Проблем се засилувањата, поточно тоа што Рома нема пари, што за двете лета што Португалците ги помина во клубот, само 7 милиони евра беа вложени во засилувања, а огромното мнозинство нови имиња, како Матиќ и Дибала, дојдоа беа слободни агенти.

Директорот Пинто се обидува да заврши некоја работа, но тоа оди навистина тешко. Се надеваа дека ќе го продадат Ибањез, но никој, ниту Челси, ниту Наполи, нема да го купи стоперот за 35 милиони евра.

Од друга страна, критична е напаѓачката позиција, Алваро Мората е прва опција, но го бара и Интер, а Рома не е финансиски конкурентна.

Што се однесува до Скамака, единствен начин е да дојде на позајмица, но проблем се и неговите финансиски услови, а го посакуваат и поголеми италијански клубови.

Португалецот е нервозен, молчи, има уште една година од договорот, а медиумите на Апенините пишуваат дека Мурињо е „темпирана“ бомба во Рим.

Scroll to Top