Top Sport

Рикардо позитивен на КОВИД, но ќе биде подготвен за првата трка

Возачот на Мекларен, Австралиецот Даниел Рикардо е позитивен на КОВИД-19, потврди англискиот тим, откако тој ги пропушти последните два дена тестирање во Бахреин. Мекларен потврдија дека тој  ги почитува мерките за изолација, и дека ќе биде подготвен за првата трка од сезоната на 20 март.

„Подобро оваа недела отколку следната! Не беше најдобро што го пропуштив тестот, но сега се чувствувам подобро. Фокусиран сум на следниот викенд. Голема благодарност до Лендо Норис и Мекларен за работата која ја завршија, ви должам пиво (млеко за Лендо)“, напиша Рикардо на Инстаграм.

Мекларен ќе го комплетира тестирањето во Бахреин утре со само Лендо Норис зад воланот.

Scroll to Top