Top Sport

Рикардо признава дека нема да биде во Ф1 следната сезона

Даниел Рикардо вели дека не очекува да се трка во Формула 1 следната сезона по вестите дека Пјер Гасли потпиша нов повеќегодишен договор со францускиот Ф1 тим, Алпин. Договорот на Австралиецот со Мекларен ќе биде раскинат една година предвреме на крајот на сезоната, откако англискиот тим веќе го потврди Оскар Пјастри.

Се веруваше дека Алпин е реална опција за Рикардо како замена за Фернандо Алонсо (кој ќе замине во Астон Мартин), но тој сега смета дека нема опции за 2023.

„Да бидам искрен, знаев за вестите за Гасли, знаев дека преговараат и бев подготвен, така што не сум изненаден. Реалноста е дека нема да бидам во Формула 1 во 2023 година, а ќе видиме за 2024. Мислам дека тогаш може да имам некои шанси“, вели Рикардо, кој со изјавата сигурно ја отфрла можноста за возење со Хас и Вилијамс.

Scroll to Top