Top Sport

Милито би сакал во својот клуб да го има Мбапе пред Халанд

Легендата на Интер, Диего Милито се вклучи во дебатата за тоа кој е подобар напаѓач меѓу новата ѕвездена генерација на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Аргентинецот вели дека повеќе го сака Мбапе, бидејќи Французинот има способност сам да си креира позиција за гол, додека на Халанд секогаш му се потребни силни соиграчи кои ќе му асистираат.

„Начинот на кој размислувам е дека секогаш сум сакал фудбалери кои можат сами да ја решат енигмата пред голот. Некој како Халанд е убиствен, но потребно му се асистенции од соиграчите. Мбапе, од друга страна, понекогаш сам ја гради ситуацијата пред голот, од никаква положба. Французинот, со својата експлозивност како пантер наликува на Роналдо ‘Феноменот’, кој за мене по Лео Меси е најголемиот на сите времиња. Халанд со својата физичка сила е некој како Бобо Виери во Италија или Мартин Палермо во Италија, само во нова димензија“, оценува Милито во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top