Луис Хамилтон дефинитивно не би бил светски шампион ако вози во тим од „средината“ на формула 1, вели возачот на Ред бул, Даниел Рикјардо.
Асот на Мерцедес, Хамилтон стигна до четвртата титула во кариерата со што се изрмни со Себастијан Фетел и Алан Прост, но Рикјардо вели дека тоа нема многу врска со квалитетот на 32-годишниот Британец зад воланот, туку за супериорноста на машинеријата на „Сребрената стрела“.
„Луис освои три од последните четири титули, но ако беше во тим од ’средината’ тоа немаше д биде можно. Болидот е толку многу важен во Формула 1, но морате да бидете добар возач да стигнете до врвот. Потребни се двете работи, но сепак, болидот е уште подоминантен во односите. Можеби 75 отсто кон 25 отсто“, вели Рикјардо.
Австралиецот би сакал оваа граница да се „помести“.
„Би сакал да имаме поеднаков шампионат во кој квалитетот на возачот ќе биде повеќе ценет“, додава Рикјардо.