Top Sport

Ринс од наредната сезона во ЛЦР Хонда

Еден од двајцата возачи на Сузуки, Алекс Ринс, си обезбеди договор за следната сезона.
Шпанецот потпиша двегодишен договор со ЛЦР Хонда.

Да потсетиме, Сузуки објави дека на крајот од актуелната сезона го напушта шампионатот во Мото ГП, па Ринс и шампионот од 2020 година Џоан Мир се најдоа на „пазарот“.

Ринс ќе го замени Алекс Маркез во ЛЦР Хонда, кој се сели во Гресини, каде ќе вози заедно со Фабио Ди Џанантонио. Се уште не е познато каде кариерата ќе ја продолжи колегата на Ринс, Џоан Мир.

 

Scroll to Top