Top Sport

Луис Суарез се сели во Олимпик Марсеј

Колумбискиот напаѓач, Луис Суарез (24) наскоро ќе стане играч на францускиот вице-првак, Олимпик Марсеј.

Суарез ја напушти Гранада, откако тимот испадна од Примера. Според медиумите, со францускиот клуб ќе потпише пет годишен договор.

Марсеј на Гранада ќе и плати 10.000.000 евра за колумбискиот напаѓач. Во Примера, во дресот на Гранада, Суарез одигра 62 натпревари, постигна 12 голови.

Во кариерата настапувал за колумбиски Леонес, Ватфорд, Ваљадолид Б, Химнастик, Реал Сарагоса и Гранада. Може да игра на позицијата лево крило и како напаѓач. За репрезентацијата на Колумбија одиграл четири натпревари.

Scroll to Top