Top Sport

Ел класико? Лука Модриќ е подготвен

Денеска во 16.15 часот на програмата е првото „Ел класико“, пресметката на Реал Мадрид и Барселона за престиж, за слава и за прво место на табелата во Шпанија.

Реал Мадрид преку социјалните мрежи се пофали со видео од тренизните на „кралскиот“ клуб, и во него прва ѕвезда е ветеранот Лука Модриќ, кој очигледно е подготвен за нов голем меч. На снимката тој ја добива топката свртен со грб кон голот, жонглира, а потоа од свртување постигнува гол. Реакцијата на неговите соиграчи зборува доволно.

Scroll to Top