Top Sport

Ринс уште две сезони во Сузуки

Младиот Шпанец, Алекс Ринс, ќе вози за Сузуки во Мото ГП и во сезоните 2019 и 2020, објави тимот. Во соопштението се наведува дека продолжувањето на соработака само ја потврдува силната врска помеѓу возачот и тимот.

„Многу сум среќен. Дури и кога бев во Мото 2 и кога ги правев плановите да се преселам во Мото ГП, секогаш Сузуки ми беше најинтересен. Деби сезоната ми беше комплицирана…Бев во лоша позиција по две трки, но тогаш тимот силно ме поддржа. Успеавме да се избориме со сите потешкотии, бевме трпеливи и оваа сезона стигнавме до првиот подиум. Бевме трети во Аргентина. Без оглед на резултатите, атмосферата секогаш беше добра“, порачал младиот Шпанец.

Ринс во Сузуки пристигна во 2017 година кога и дебитираше во „кралската класа“.

Scroll to Top