Top Sport

Симовски го објави списокот за мечевите во Шведска и Србија

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави поширокиот список од 27 ракометарки за претстојните два квалификациски натпревари за ЕП 2018 против селекциите на Шведска и Србија.

Поширок список на ракометарки за квалификациските натпревари против Шведска и Србија

Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Амра Илјаз, Јована Мицевска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Гајиќ, Теодора Керамичиева, Марија Штериова, Александра Боризовска, Душица Ѓоргиевска, Елена Ливриниќ, Леонида Гичевска, Елена Ѓеорѓијевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Милица Николиќ, Мирјета Бајрамовска, Ангела Тодоровска, Мила Трајковиќ, Моника Јаневска, Јована Кипријановска, Марија Тасевска, Јана Калајџиевска, Сања Дабевска.

Репрезентацијата на Македонија, во овој квалификациски циклус партиципира во групата 3, каде покрај Шведска и Србија, се натпреварува и селекцијата на Фарски Острови. Македонија, досега одигра четири натпреври успеа да забележи две победи и со четири бода се наоѓа на третата позиција во групата.

Последните две кола од квалификациите ќе се одиграат во периодот од 30.мај до 3.јуни. Првата од двете средби Македонија ќе ја игра во СРЦ „Кале“, во Скопје, на 30 мај против Шведска, додека во последното коло, нашите ракометарки ќе и гостуваат на Србија во Ниш на 3.јуни.

фото: архива topsport.mk

Scroll to Top