Top Sport

Ривалите незадоволни – болидот на Рејсинг поинт е „копија“ на стариот Мерцедес!

Според угледниот германски „Ауто мотор унд спорт“, повеќето ривалски тимови не се задоволни од тоа што тимот на Рејсинг поинт (поранешни Форс Индија) користат речиси идентична копија од болидот В10 на Мерцедес од 2019.

Рејсинг поинт го открија својот РП20 болид на 17 февруари, кога најголема тема беше розевата боја која доминираше на шасијата, но сега, по стартот на зимското тестирање, повеќе ривалски тимови имаат поголема забелешка, болидот е „копија“ на В10 на Мерцедес.

Техничкиот директор на тимот, Ендру Грин ја брани соработката со Мерцедес, кои се снабдувачи на мотори и на дополнителна техничка опрема на итмот.

„Работевме во воздушниот тунел на Мерцедес од мај минатата година, а предната и задната суспензија, како и менувачот се идентични со болидот на Мерцедес од 2019. Другото е наш дизајн,а сега почнуваме со работа за 2021 година“, изјави Грин.

Scroll to Top