Top Sport

Ривалите повторно пред ФИА се „жалат“ на легалноста на моторот на Ферари

„Аутоспорт“ јавува дека неколку Формула 1 тимови пратиле писмо до ФИА повторно барајќи објаснување за легалноста на моторот на Ферари. Главната причина е тоа што ако ФИА одлучи дека моторот на италијанскиот тимот е легален, и тие би можеле да одат со сличен развој.

„Нема протести за било кој мотор во Формула 1, меѓутоа ФИА постојано ги следи параметрите на сите мотори во спортот“, објавија од ФИА.

Ферари направија значителен чекор напред во перформансите од летната пауза, и СФ90 болидот се покажа како репер за сите тимови. Ривалите се сомневаат за „неверојатната“ предност во брзината на рамните делови (околу осум десетинки од секундата по круг). Матија Биното, шефот на Ферари вели дека „разликата дефинитивно не е толку голема“.

Иако Мерцедес стигна до шестата титула во низа кај конструкторите, и е блиску до нова титула за Луис Хамилтон, тимовите се загрижени дека во 2020 со оваа брзина Ферари ќе биде незапирлив. И покрај овие сомнежи, инженерите уште не можат да сфатат што точно ја дава предноста на Ферари во споредба со моторите на Мерцедес, Рено и Хонда, иако главниот сомнеж е дека постои контролирано пуштање на масло од „интеркулерот“ на моторот, кое дава дополнителна сила.

Ова не е првпат Ферари да е под „лупата“ на ривалите. Минатата сезона имаше протест околу нивната имплементација на ЕРС системот и на системот на акумулатори, но ФИА даде „зелено светло“.

Scroll to Top