Top Sport

Михајловиќ се врати и го водеше тренингот на Болоња (видео)

Синиша Михајловиќ ја продолжува борбата со леукемијата и по крајот на втората рунда хемотерапија се врати на својата работа, водејќи го тренингот на Болоња пред враќањето на Серија А овој викенд.

Досега Михајловиќ честопати го водеше тимот на тренинзи и на натпревари преку видео-врска, но сега реши да се појави на теренот и да ги исконтролира своите играчи, откако минатата недела ја помина со своето семејство во Рим, пропуштајќи го мечот на легендите на Болоња и на Реал Мадрид.

Болоња во сабота гостува кај шампионот Јувентус, и останува да се види дали 50-годишниот Србин ќе се врати на клупата, бидејќи постои загриженост околу временските услови (се најавува студ и дожд).

Scroll to Top