Валентино Роси признава дека е загрижен дека „ќе биде потребна уште една сезона“ да се врати формата на тимот на Јамаха по големиот број на проблеми со електрониката на нивниот мотоцикл.
Роси и неговиот колега Маверик Вињалес имаа катастрофална трка на новиот асфалт во Херез, со 10. и 11. место на квалификациите и надвор од топ 10 во поголемиот дел од трката. Судирот кој ги исфрли Андреа Довициозо, Дани Педроза и Хорхе Лоренцо во финишот на трката, дозволи Роси да биде шести, но тој вели дека тоа е лимитот.
„Петто место откако имавме таква брзина е позитивно, но ова не е добра вест за нас. Формата зависи од патеката, но јасно е дека имаме работа со мотоциклот и дека е потребно време. Јамаха мора да направи напор за да не ни треба уште една сезона“, вели деветкратниот светски шампион.
Според него 75 отсто од проблемите се од електрониката.
„Вистинска штета, бидејќи остатокот од мотоциклот е навистина добар оваа година, но потребно ни е решение за електрониката. Тоа е работа за која треба време, и тоа е лошата вест“, додава Роси, кој е шести во генерален пласман со дури 30 поени помалку од Марк Маркез по само четири трки.
Фото: ЕПА