Top Sport

Роси: Новата Јамаха ќе биде базирана на моделот од 2016

Валентино Роси потврди дека следниот Мото ГП мотоцикл на Јамаха ќе биде базиран на верзијата на М1 од 2016 година по проблематичните перформанси на моделот кој се користеше оваа година.

Роси и колегата Маверик Вињалес, заедно со возачот на Тех 3, Јохан Зарко имаа приватен тест оваа недела во Сепанг, Малезија, каде што се вршеа споредби на двете верзии на М1 мотоциклот. Роси вели дека тројцата се согласиле да се отфрли верзијата од 2017.

„Се обидовме со стариот мотоцикл, тој од 2016 година и заклучокот беше дека поновиот мотоцикл е полош. Уште треба да го видиме новиот модел, бидејќи ќе има промени, но основата ќе биде мотоциклот од 2016. Ова е критичен момент, бидејќи до февруари мораме да направиме голем чекор напред“, вели Роси.

Јамаха честопати оваа година беше само трет најбрз тим во шампионатот, зад Хонда и Дукати, а двајцата возачи на јапонскиот тим не беа во борба за титулата, која се одлучуваше меѓу Марк Маркез (Хонда) и Андреа Довициозо (Дукати).

Scroll to Top