Top Sport

Жиру: Месут Озил е потребен на Арсенал

Оливие Жиру вели дека Месут Озил е „клучен играч“ за Арсенал и вели дека неговиот тим треба да направи сè што може да го заддржи Германецот на „Емирати“.

Озил беше вистинска ѕвезда во победата во средата од 5:0 над Хадерсфилд, постигнувајќи еден гол и додавајќи двапати за гол за само 76 секунди, за втор меч едноподруго на „Емирати“ да го добие признанието за „човек на мечот“ по триумфот над Тотенхем.

Околу Озил последните месеци има голем број на шпекулации дека Барселона и Манчестер јунајтед се подготвени да го откупат уште во јануари, а менаџерот Арсен Венгер изјави дека Озил, заедно со Алексис Санчез ќе бидат во тимот до крајот на сезоната. Жиру, кој постигна два гола во средата, вели дека тимот мора да направи сè за Озил да остане во тимот.

„Тој е врвен играч и навистина ни е потребен. Поголемиот дел од времето ги прави вистинските избори – знае кога треба да додаде, а кога да шутира. Тој е нашиот плејмејкер и нашиот клучен играч. Никогаш не сум се сомневал во него. Не можеш да си во најдобра форма постојано и на секој натпревар. Но, за неговите квалитети нема никаков сомнеж“, вели Жиру.

Арсенал „топовски“ кон Хадерсфилд (видео)

Scroll to Top