Top Sport

Иско за Роналдо: Нема да плачеме за некој што не сакаше да биде тука

Реал Мадрид можеби се во криза, но тоа не значи дека треба да жалат што го продадоа Кристијано Роналдо во Јувентус, вели Иско, кој додава дека воопшто не им недостасува фудбалер кој веќе не сакал да биде во „кралскиот клуб“.

Петкратниот освојувач на „златната топка“, Роналдо замина за Јувентус во трансфер вреден 129 милиони евра, што очигледно влијае на игрите на тимот на Хулен Лопетеги, кој за малку ќе го срушеше рекордот за минути без постигнат гол при саботниот 1:2 пораз од Леванте. По петте меча без победа пред дуелот од ЛШ против Викторија Плзен, на тренерот Хулен Лопетеги му се заканува отказ по само два месеци.

„Секако дека нема да плачеме за некој кој не сака да биде тука. Печатот сака да го смени нашиот тренер, но ја нема таа моќ, за среќа. Ние веруваме во овој тим и тренерот ја има нашата целосна доверба. Мислам дека ќе имаме добра сезона и би било лудо да го отпуштат по два месеци. Ако сакате да се ослободите од тренерот, тогаш треба да се ослободите од сите нас“, вели Иско.

Scroll to Top