Top Sport

Рованпера ја искористи драмата на Ожие за победа на Акропол релито

Светскиот шампион, Финецот Кале Рованпера стигна до својата трета победа во Рели ВРЦ шампионатот оваа сезона, триумфирајќи на Акропол релито во Грција со огромна предност од минута и пол пред Велшанецот Елфин Еванс, зголемувајќи си ги шансите за одбрана на титулата.

Рованпера со својата Тојота беше најбрз во осум од 15-те етапи на релито, но го презеде водството во релито во саботата навечер, кога неговиот колега, легендарниот Себастиен Ожие имаше големи механички проблеми и го загуби водството. Со ова тој доби предност од 2:04.4, по што во неделата лесно стигна до својата 11. ВРЦ победа.

Зад него беше подраматично, и Еванс успеа да го победи Дани Сордо во Хјундаи за 4.2 секунди, а со максималниот број на поени, Рованпера сега има предност од 33 поени пред Еванс.

Scroll to Top