Top Sport

Рованпера со незапирлива победа во Португалија стана нов лидер

Финскиот возач на Тојота, Кале Рованпера стигна до доминантна победа на Португалското рели, негов прв триумф оваа сезона за преземање на водството во генерален пласман.

Тој беше за 54.7 секунди побрз од Шпанецот Дани Соро, додека Есапека Лапи го освои третото место по проблемите на Тјери Нојвил во последниот ден.

Актуелниот шампион сега има девет победи во Рели ВРЦ шампионатот, за да избие на првото место во генерален пласман со 98 поени пред Естонецот От Танак во Форд со 81 и пред Себастиен Ожие и Елфин Еванс со по 69 поени.

Scroll to Top