Поранешниот светски шампион, Нико Розберг смета дека Шарл Леклер ќе му направи „проблеми“ на Ферари по силниот старт на сезоната во кој беше подобар од четирикратниот шампион Себастијан Фетел, откако претходно шефот на тимот, Матија Биното призна дека Фетел ќе биде „приоритет“ на тимот на стартот на сезоната.
Леклер најверојатно ќе завршеше пред Фетел во Австралија, пред да му биде наредено да не го поминува, пред да го декласира Фетел на Бахреин ГП трката, кога сигурната победа му избега само поради проблемите со моторот. Розберг вели дека ова е проблем.
„Ќе биде интересно како ќе се менаџираат работите во Ферари, посебно ако Леклер продолжи да покажува таква брзина како досега. Ако Леклер остане брз, тогаш ќе го предизвикува Себастијан цело време“, оценува Розберг.
Сепак, тој верува дека и покрај четвртото и петтото место на Фетел, тој може да се врати во борбата за титулата.
„Себ е четирикратен шампион. Во овој спорт е потребна само една добра трка да се свртат работите и сигурен сум дека ќе се случи тоа“, додава Розберг.