Top Sport

Федерер: Не жалам што играм во ерата на Рафа Надал (видео)

Многу фанови на Роџер Федерер си ја поставуваат хипотезата дека без Рафаел Надал, Швајцарецот ќе освоеше 30-40 гренд слем титули, но тој вели дека е пресреќен што игра во ерата на Шпанецот.

„Мислам дека сите имаа добри ривали и пред мене. Лендл, Бекер, Сампрас, Едберг, Лејвер… Сите имаа големи ривали и да не бев јас, ќе беше некој друг кој ќе го предизвикуваше Надал. Затоа сум среќен што играме во иста ера и мислам дека двајцата можеме да бидеме горди што имаме големи кариери, еден покрај друг. Тоа е уникатно“, вели Федерер.

Тој исто така се потсети на легендарното финале на Вимблдон во 2008 година, кога загуби во пет сета.

„Си мислев само да не загубам. Оди во пет сета и остани жив и обиди се да победиш. Задоволен сум што стигнав до тој петти сет и сега сите зборуваат заз тој меч. Да загубев во четвртиот сет немаше да биде толку познат. Тоа беше епски победнички момент за него, а за мене останува гордоста што играв така и што низата на Вимблдон заврши така“, вели Федерер.

Scroll to Top