Top Sport

Рој Хоџсон продал погрешен фудбалер додека бил тренер на Ливерпул

Рој Хоџсон ја има честа да биде најстариот менаџер во историјата на Премиер лигата, но сега се открива дека актуелниот тренер на Кристал палас додека бил тренер на Ливерпул продал погрешен фудбалер.

Хоџсон го купил Пол Кончески бргу по доаѓањето на „Енфилд“, продавајќи ги Лори дала Вејл и Александер Качаниклиќ на Фулам како дел од договорот. Сега, шведскиот интернационалец Качаниклиќ открива дека Хоџсон се обидел да го сопре трансферот во август 2010 година откако сфатил дека продал погрешен Алекс.

Alex Kacaniklic, Fulham

„Беше тешко Ливерпул да ме замени, но кога пристигнав во Фулам разговарав со Рој Хоџсон на телефон и тој призна дека избрал погрешен Алекс да го продаде за Кончески. Но, тогаш беше предоцна. Ми кажа дека сум добредојден во Ливерпул“, вели Качаниклиќ.

27-годишниот Качаниклиќ беше сметан за голем талент на шведскиот фудбал и по трансферот од Ливерпул, помина четири сезони во Фулам, и сега игра во шведскиот Хамарби.

Scroll to Top