Top Sport

Џоана Конта ја заврши кариерата

Британската тенисерка Џоана Конта (30) стави крај на професионалната кариера. Конта е родена во Сиднеј, на 14-годишна возраст со семејството се преселила во Велика Британија.

Конта во кариерата освоила четири ВТА титули. Најзначајна од нив е титулата на Мастерсот во Мајами во 2017 година. Последниот трофеј го освои оваа година во Нотингем.

На гренд слем турнирите три пати играла во полу-финалето: Австралија опен (2016), Ролан Гарос (2019) и Вилблдон (2017).

Најдобар пласман на ВТА листата и е четвртото место во 2017 година.

Против Топ 10 тенисерките има 22 победи во кариерата, најголемата ја забележа над Серена Вилијамс 6/1, 6/0, во 2018 година на турнирот во Сан Хозе.

Scroll to Top