Top Sport

Саинс пред Хамилтон на вториот тренинг во Силверстоун

Карлос Саинс во Ферари го постави најдоброто време на вториот тренинг пред Британското ГП во Силверстоун, победувајќи ги домашните фаворити Луис Хамилтон во Мерцедес и Лендо Норис во Мекларен откако по силниот дожд во првиот тренинг.

Патеката беше целосно сува кога Саинс со меки гуми постави време од 1:28.942, за 0.163 секунди пред Хамилтон пред огромен број на Ф1 фанови на славната патека. Шампионот Макс Ферстапен во Ред бул, откако неколку пати преку радиото го изрази своето незадоволство од болидот, беше на четвртото место, пред Шарл Леклер во второто Ферари и Фернандо Алонсо во Алпине на шестото место. Во топ 10 беа и Серхио Перез (Ред бул), Џорџ Расел (Мерцедес), Даиел Рикардо (Мекларен) и Ленс Строл (Астон Мартин).

Валтери Ботас, кој изненадувачки беше прв во првата сесија на дожд, беше на 11. место.

Scroll to Top