Top Sport

Саинс со 10 минути предност пред последната етапа на Дакар релито

Стефан Петерхансел е победник на претпоследната 11. етапа на Дакар релито 2020 во Саудиска Арабија, додека неговиот колега од Мини, Карлос Саинс има убава предност пред финалето на маратонската трка.

Петерхансел имаше 10 секунди преднот пред актуелниот шампион Насер Ал-Атијах во Тојота, додека Саинс беше трет, што значи дека Саинс има 10 минути предност пред Ал-Атијах, кој пак има шест секунди пред Петерхансел пред последната етапа од 374 километри од Харад до Кидија.

Кај мотоциклистите, Чилеанецот Пабло Квинтанилја ја преполовина предноста на лидерот на трката, Американецот Рики Бребек на 13 минути и 56 секунди, откако успеа да триумфира на 11. етапа со 9 секунди предност пред Австриецот Матијас Валкнер. Бребек пак, загуби речиси 12 минути од својата предноста откако стартуваше втор на етапата и заврши како 10-ти.

Scroll to Top