Top Sport

УЕФА призна дека ги смени правилата да му „угоди“ на Роналдо

Вчера УЕФА ги објави најдобрите 11 фудбалери минатата година според гласовите на навивачите, по што денеска потврди дека ги смени правилата на гласање за да може Кристијано Роналдо да влезе во составот.

Во составот од 11 фудбалери највпечатливо беше што беше избрана 4-2-4 формација, со четири напаѓачи наместо стандардните 4-3-3, и според повеќе извори ова беше направено само Роналдо да може да влезе во составот, откако 34-годишниот фудбалер на Реал Мадрид беше четврти кај напаѓачите зад Лионел Меси, Садио Мане и Роберт Левандовски. Со оваа одлука оштетен е фудбалерот од средниот ред на Челси, Н’Голо Канте, кој беше треет во изборот на фудбалери од средниот ред.

„Формацијата за овогодишниот состав беше избран за подобро да се отсликуваат гласовите на фановите заедно со остварувањата на фудбалерите во натпреварувањата на УЕФА. Затоа во составот има пет фудбалери кои победија во Лигата на шампионите и четири фудбалери од финалистите во Лигата на нации на УЕФА. Формацијата се менува со секој нареден избор и оваа година не беше исклучок“, изјави портпаролот на УЕФА.

Избран најдобриот тим за 2019 според фановите на УЕФА

Scroll to Top