Top Sport

Саинц: Не е трагично што ќе го напуштам Ферари

Шпанскиот возач Карлос Саинц ја започнува својата последна сезона во Формула 1 во болидот на Ферари.

Него на крајот на сезоната ќе го замени Луис Хамилтон, кој реши да го засили тимот од Маранело и со тоа да направи тектонски промени во светот на Формула 1.

Саинц смета дека не е трагедија што ќе го напушти Ферари на крајот на сезоната и дека тоа не претставува ништо лошо за него, напротив, мотивиран е да им покаже на сите дека може да бележи добри резултати во италијанскиот тим кој ќе го препорача на други тимови.

„На крајот во Ферари ќе ме заменат со седумкратен шампион“, рече Шпанецот.

„Не го гледам тоа како трагедија. Среќен сум, особено со овие три години што ги поминав во Ферари. Мислам дека тоа беа три позитивни години. Сега одиме во четвртата и теоретски се подготвувам за најважната сезона во која сакам да продолжам со добри резултати со чиста цел пред мене. Сакам да имам добра година со Ферари, да победуваме на трките и се надевам дека имаме потенцијал да се бориме за шампионската титула“.

Од денес до петок на програмата се официјалните тестови пред почетокот на новата сезона која започнува на 2 март со Големата награда на Бахреин.

Scroll to Top