Top Sport

Германец ја презеде репрезентацијата на Косово

Германецот Франко Фода (58) стана нов селектор на фудбалската репрезентација на Косово. Фода го наследи Примож Глиха, кој поднесе оставка на крајот на минатата година.

Франко Фода во кариерата играше во Кајзерслаутерн (1987-1990), Баер Леверкузен (1990-1994) и Штутгарт (1994-1996). Потоа во 1997 година во австриски Штурм каде трнер му беше легендарниот Ивица Осим. Кариерата ја заврши во 2002 година.

Тренерската кариера ја започна како асистент во стручниот штаб на Штурм, каде се задржа 11 години, во 2012 година го презеде Кајзерслаутерн.

Две години подцна се врати во Штурм кој го водеше уште четири сезони, а потоа од 2018 до 2022 година беше селектор на Австрија со која забележа 26 победи на 47 натпревари.

Тој поднесе оставка откако Австрија со поразот од Велс во Кардиф остана без шанси за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Во меѓувреме имаше епизода во Цирих, но швајцарскиот шампион го отпушти по само три месеци.

Косовските медиуми јавуваат дека Фода и неговите соработници Томас Кристлим и Роберт Ибертсбергер ќе добиваат 800.000 евра или 33.000 евра месечно за двегодишен договор.

Косово наесен ќе игра во игра во Лигата на нации, во Ц дивизијата, во групата со Кипар и Романија, додека третата селекција ќе биде позната по мартовскиот двомеч меѓу Гибралтар и Литванија.

Scroll to Top