Даниел Сандерс (ГасГас) победи на третата етапа на релито Дакар кај мотоциклистите и е водечки во генералниот пласман. Тој победи и на првата етапа, но беше казнет поради пребрзо возење, а вчера се откажа од нападот на првото место во втората етапа за да има подобра стартна позиција за денеска.
Денешната трета брзинска етапа на релито Дакар е долга 447 километри од Ал Ула до Хаил, повторно на територијата на Саудиска Арабија и опфаќа песочни и карпести премини.
Австралиецот ја освои денешната етапна победа со 5,23 минути предност пред Кевин Бенавидес (КТМ) и 6,19 минути пред Скајлер Хаус (Хускварна).
Сандерс (28) има предност од 4,04 минути на врвот на табелата по првите три етапи од релито, а претходниот лидер Мејсон Клајн (КТМ) сега е второпласиран. Третата позиција ја зазема Бенавидез, кој заостанува 49 секунди зад Клајн.
Утрово Клајн стартуваше прв во етапата и беше во водство до контролата на 240 километри по стартот, каде возачите беа изненадени од слаб дожд, но пред контролата на 335 километри Сандерс поведе, а по него Бенавидес .
Падот на Рики Брабек ги намали претендентите за победа со уште еден сериозен предизвикувач.
Денешниот топ 6 го комплетираше Клајн, кој заврши 40 секунди зад Хаус и Хуан Бареда Борт (Хонда), а шести беше Тоби Прајс, кој стигна со задоцнување од 12,14 минути зад Сандерс.
Два часа по финишот на лидерите, организаторите ја прекинаа третата етапа за мотоциклистите поради лошите временски услови.
🏍💨#Dakar2023 pic.twitter.com/7edINbw602
— DAKAR RALLY (@dakar) January 3, 2023