Top Sport

Светски рекорди на Австралија и Италија на 4×100 метри слободно

Женската штафета на Австралија, во состав Калахан, Вилсон, Харис, Мекион, го собори светскиот рекорд во 4х100 слободно и го освои златниот медал на првиот ден од Светското првенство во пливање, во 25.метарски базени.

На домашен терен, во Мелбурн, Австралијките до целта стигнаа за 3:25.43 и за повеќе од секунда (3:26.53) го урна рекордот на Холандија од 2014 година.

Најголема заслуга за триумфот има Кајли Мекион, актуелната олимписка шампионка на 50 и 100 метри слободно, која последниот дел го исплива со неверојатни 49,96 секунди. Со неверојатната последна делнива, Мекион ги престигна Американките кои водеа во текот на целата трка. САД го освоија среброто, а бронзата им припадна на Канѓанките.

Светски рекорд во истата дисциплина постави штафетата на Италија, Мирези, Конте, Деплано и Чакон ја запреа стоперката на 3:02.75 и го подобрија рекордот на САД од пред четири години (3:03.03).

Уште едно злато на Италијанците им донесе неверојатниот Грегорио Палтриниери на 1.500 слободно. Тој славеше со резултат 14:16.88.

Австралијката Лани Палистер освои злато на 400 слободно со време 3:55.04, пред Новозеланѓанката Ферведер и Американката Леа Смит.

Во дисциплината 200 мешано, Кејт Даглас од САД се искачи на највисокото скалило на подиумот со американски рекорд од 2:02.12, додека кај мажите во истата дисциплина победи Мајту Сеитес од Јужна Африка, со нов рекорд на Африка 1:50.05.

Scroll to Top