Сер Френк Вилијамс, легендарниот основач на Формула 1 тимот Вилијамс, е примен во болница, каде што е во стабилна состојба, објави неговото семејство преку соопштение. Тие не ја посочија причината за хоспитализацијата на 78-годишниот Британец.
„Сер Френк Вилијамс неодамна беше примен во болница, каде што уште останува во стабилна состојба. Медицинската состојба на Френк е приватна работа, и затоа семејството нема да дава дополнителни детали, и бараме да се почитува приватнота на семејството“, се вели во соопштението.
Вилијамс, кој лани прослави 50 години од сопственост на третиот најуспешен тим во историјата (по Ферари и Мекларен), минатото лето се повлече од водењето на тимот откако американската инвестициска компанија „Дорлингтон капитал“ ги купи акциите на семејството Вилијамс. По ова, неговата ќерка, Клер Вилијамс се повлече од позицијата заменик шеф на тимот. Сер Френк последен пат беше на Ф1 трка во 2016 откако доби пневмонија, но секоја година го посетуваше тимот за време на Британското ГП во Силверстоун.