Top Sport

Шампионот Сандерленд хоспитализиран по тешкиот пад на првата етапа на Дакар релито

Актуелниот шампион од Дакар релито во конкуренција на мотоциклисти, Британецот Сем Сандерленд ја заврши трката во првата етапа, откако по тежок пад заврши во болница.

Возачот на „ГасГас“, беше 10. најбрз на вчерашниот пролог на трката и ја започна првата етапа од 367 километри покрај брегот на Црвеното Море во Саудиска Арабија како 22. Тој падна по 52 километри од етапата, и според официјалното соопштение на КТМ, добил скршено рамо и потрес на мозокот, но се наоѓа во стабилна состојба во болницата во Ријад.

Во необична иронија, Сандерленд лани ја освои својата втора Дакар титула откако неговиот сегашен колега, Даниел Сандерс беше убедлив лидер и имаше тежок пад на 7. етапа, кршејќи го зглобот на раката.

Scroll to Top