Top Sport

Далиќ: Ќе го паметам Михајловиќ како голем човек и фудбалер

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ во инервју за српската телевизија „Пинк“ потврди дека планира да му даде место на Лука Модриќ во неговиот стручен тим кога ветеранот на Реал Мадрид ќе реши да се повлече од репрезентацијата.

„Лука е важна алка, најважната во нашата репрезентација, капитен кој го игра најдобриот фудбалво неговата кариера, кој ужива во секој натпревар. Какао селектор сакам во мојот тим да има играчи кои беа во тимот, како Манџукиќ, Олиќ и Чорлука. Во секој случај, кога ќе реши да стави крај на репрезентативната кариера ќе му биде понудено да биде дел од нашиот тим. Тој и Ракитиќ исто така“, објаснува Далиќ.

Тој исто така зборуваше за Синиша Михајловиќ, неодамна починатиот поранешен српски фудбалер и тренер. Иако честопати на различни страни околу политичките и националните ставови, Далиќ вели дека има само респект за него.

„Го запознав Синиша одамна, кога играв фудбал во Винковци, имавме некои заеднички турнири. Беше голем играч, со голема кариера, а беше и добар тренер. Секогаш имаше свој став и беше посебен. Сите ќе го паметиме како голем играч и неверојатен изведувач на слбодни удари. Неговата прерана смрт беше удар за сите нас, тешко е кога си заминуваат младите луѓе. Бев во контакт со неговото семејство, и ова се моменти кога треба да сфатиме дека животот е прекраток и да заборавиме на сите непријателски чувства и проблеми, да бидеме потолерантни. Јас ќе се сеќавам на него како на голем гирач, голем човек и голем тренер“, вели хрватскиот тренер.

Scroll to Top