Возачот на Репсол Хонда Марк Маркез со победа во Валенсија ја заврши брилијантана сезона во која ја освои шампионската титула. Шпанецот пред домашната публика победи со време 41:21. 469 минути. Сезоната Маркез ја заврши со 420 поени.
Маркез победи пред Фабио Квартараро, кој стартуваше од пол-позицијата, додека трет заврши Џек Милер од Прамак Дукати.
Првите десет во Валенсија ги комплетираа Андреа Довициозо, Алекс Ринс, Маверик Вињалес, Џоан Мир, Валемтино Роси, Алеш Еспаргаро и Пол Еспагаро.
Освоените 420 поени е статистички најдобриот резултат во историјата на Мото ГП. Маркез во Валенсија ја забелжа 12 победа во сезоната.
Маркез во генералниот пласман победи пред Довициозо (269 поени) и Маверик Вињалес (211).