Шефот на Ферари, Матија Биното вели дека не е голем оптимист околу брзината на неговиот тим оваа сезона, признавајќи дека ривалите се побрзи од нив.
Шампионите Мерцедес засега покажаа дека имаат најбрз болид на првата недела тестирање на „Каталуња“ покрај Барселона, додека Ферари во петокот имаа и проблем со моторот оставајќи го Себастијан Фетел на патеката. Во средата, Шарл Леклер беше 11. најбрз, во четвртокот, Фетел беше 6., а Леклер 8.
„Другите се побрзи од нас во моментов. Колку побрзи, тешко е да се каже, и за тоа ќе треба да се анализираат податоците, но во моментов не сме толку брзи како нив. Дали сме загрижени? Секако, брзината секогаш ни е потребна, но прерано е да носиме заклучоци. Овие три дена беа значајни за собирање податоци и разбирање на болидот. Има време да се опоравиме. Мислам дека Ферари ќе има болид кој ќе треба да се победи во 2020. Но, не сум сигурен дали ќе имаме таков болид во Мелбурн“, призна Биното во петокот.
Ферари лани победи во три трки. На програмата има уште три дена тестирање во Барселона следната недела.