Top Sport

Шефот на Хас: Лани за два поени ќе се е.ев со цел бокс!

Шефот на Хас Ф1, легендарниот Гинтер Штајнер е воодушевен од фантастичниот старт на неговиот тим по катастрофалната 2021, признавајќи дека минтата година би се „е.ел со цел бокс“ за да стигнат до такво остварување.

Кевин Магнусен стигна до деветтото место на Саудиското ГП, иронично пред седумкратниот светски шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон по неверојатното петто место на првата трка од сезоната во Бахреин. Хас минатата сезона завршија убедливо последни во Ф1, како единствен тим без освоен поен.

„Секогаш си разочаран и сакаш повеќе, но ако размислиме добро, не смееме да бидеме премногу алчни. Минатата година за два поени, ќе се е.ев со цел бокс. Така што ова е добра позиција за нас. Најголемиот проблем беше што бевме на поинаква стратегија и безбедносното возило излезе во најнезгоден момент за нас. Да функционираше стратегијата, ќе бевме најмалку седми“, изјави Штајнер.

Scroll to Top