Top Sport

Роман Абрамович отруен за време на преговорите за мир во Украина?

Газдата на Челси, рускиот милијардер Роман Абрамович е дел од малата група на луѓе кои биле отруени по мировен состанок во украинската престолнина Киев, со симптоми на црвени очи и паѓање на кожата, тврди „Вол стрит џурнал“.

Абрамович и два члена на украинскиот преговарачки тим веднаш по состанокот добиле болни симптоми. Рускиот милијардер наводно добил писмо од рускиот претседател Владимир Путин со закана за украинскиот претседател Володимир Зеленски во која стоело: „Кажи им дека ќе ги уништам“.

Абрамович веднаш по почетокот на војната во Украина беше посочуван како можен преговарач поради блискоста со Путин, но и со дел од украинските олигарси. Британската влада го санкционираше долгогодишниот газда на Челси, по што тој реши да го продаде клубот по 19 години.

Scroll to Top