Top Sport

Чави засега не се враќа во Барса, го продолжи договорот со Ал-Сад

Иако многу медиуми пред неколку дена објавија дека Чави веќе се договорил да биде следниот тренер на Барселона, ова враќање во матичниот клуб ќе почека, откако легендата на каталонскиот клуб потпиша едногодишно продолжување со катарскиот клуб Ал-Сад.

40-годишниот Чави си замина од Барселона по 17 години во 2015 година, по што следните четири години играше за катарскиот клуб пред минатиот мај да ја стави крај на играчката кариера. Тој веднаш беше поставен за тренер на тимот и со нив освои две титули.

По новата „криза“ која ја погоди Барселона, се сметаше дека тој е сигурен наследник на Кике Сетиен, но Чави сигурно останува во Катар до 2021 година, најверојатно чекајќи ги изборите за претседател во Барселона кои ќе се одвиваат следното лето.

„Среќен сум што го продолжив договорот со Ал-Сад и сега работам со тимот на повеќе прашања кои мора да ги решиме, како обновувањето на договорот на Акрам Афиф и потпишување на странски засилувања кои треба да ги заменат Габи и Марко Фабијан“, изјави Чави.

Scroll to Top