Top Sport

Кеисуке Хонда ќе биде селектор на Камбоџа, а ќе игра за Мелбурн

Јапонскиот ветеран Кеисуке Хонда, кој пред само една недела потпиша договор за настап во австралискиот клуб Мелбурн виктори, е именуван за нов генерален менаџер на репрезентацијата на Камбоџа.

Според вестите од Австралија, 32-годишниот поранешен фудбалер на Милан, ќе работи со камбоџанските фудбалери преку видео-линк од Мелбурн. Камбоџа во ноември игра на АФФ Сузуки купот со Малезија, Мјанмар, Виетнам и Лаос и останува нејасно дали тој ќе присуствува на натпреварите, бидејќи во исто време се одвива и А-лигата во Австралија.

Хонда настапи за Јапонија на СП во Русија, но потоа се повлече од националниот дрес со 37 голови во 98 меча. Врската со Камбоџа е подолга, бидејќи тој во 2016 година отвори фудбалска академија во престолнината Пном Пен.

Scroll to Top