Top Sport

Шумахер ќе биде резервен возач и на Мекларен

Германецот Мик Шумахер, покрај во Мерцедес, оваа сезона ќе биде и тест возач на Мекларен, објави британскиот тим.
„Мекларен ќе може да го доведе Мик Шумахер како резервен возач во текот на сезоната 2023 како дел од нашиот договор со Мерцедес“, изјавија од Мекларен.

Шумахер претходните две години возеше за Хас, но го загуби местото во тимот, па Мерцедес го ангажираше како резервен возач за оваа година. Тој ќе ги замени Луис Хамилтон и Џорџ Расел во Мерцедес.

Слична улога ќе има и во Мекларен, кој ќе го повика во случај возачите Ландо Норис и Оскар Пјастре да не бидат достапни поради некоја причина.

Scroll to Top