Top Sport

Лилард го поништи трипл-даблот на Морент, убедливи победи на Атланта и Бостон

Неколку интересни натпревари се одиграа во НБА лигата. Демијан Лилард потврди дека се наоѓа во извонредна форма, ја креираше победата на Портланд над Мемфис, Бостон и Атланта ги декласираа Бруклин, односно Феникс, а Минесота по едно продолжение славеше победа во дуелот со Голден стејт.

Демијан Лилард со 42 поени и 10 асистенции го предводеше Портланд до победата во Мемфис со 122:110. Портланд во првиот дел остана без Џереми Грент и Јусуф Нуркиќ, но Мемфис немаа решение за Лилард. Кај Мемфис се истакна Џа Морент со трипл-дабл од 32 поени, 10 скока и 12 аситенции.

Дианџело Расел 14 од своите 29 поени постигна во последната четвртина, во која Минесота го надополни минусот од 11 поени против Голден стејт и избори продолженија. На крајот Минесота славеше победа со 119:114.

Покрај Расел кај победникот се истакнаа Едвардс со 27 и Рид со 24 поени.

Атланта во Феникс го декласира домаќинот со 132:100.

Гости од Џорџија спрекатуларно го одиграа вториот и третиот период и тука остварија предност од 32 поени (76:44).

Дежонте Мареј постигна 21, а Тре Јанг 20 поени.

Бруклин претрпеа тежок пораз во Бостон. Селтикс славеа со 139:96. Џејсон Тејтум го предводеше Бостон со 31 поен (7/12 за три), девет скока и четири асистенции, Џејлен Браун додаде 36 со по три скока и асистенции.

Scroll to Top