Top Sport

Шуми го прославил 50-тиот роденден на Мајорка, германски таблоид тврди дека има фотографии!

По подолго време, конечно, некаква информација околу здравствената состојба на Михаел Шумахер, иако таблоидот „Бунте“ можеби не е најверодојстојниот извор.

„Бунте“ тврди дека Шумахер го прославил својот 50. роденден на 3 јануари на шпанскиот остров Мајорка, каде што се тврдеше дека неговото семејство купило куќа. Според таблоидот Шумахер пристигнал во луксузната вила во Д’Антрач, каде што семејството наводно ја купи куќата на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Досега, Шумахер по излегувањето од клиниката во Гренобл во 2014 година, каде што се лекуваше по падот на скијање и повредите на главата во декември 2013 година, престојуваше во нивната семејна куќа во Гланд на брегот на Женевското Езеро.

На Мајорка Шумахер ги поминал божиќните и новогодишните празници, а таблоидот тврди дека има фотографии кои ќе бидат објавени во печатеното издание.

Инаку, во 2017 година, магазинот „Бунте“ мораше да плати отштета од 50.000 евра на семејството Шумахер откако објави вест дека Шумахер може да оди повторно.

Семејството го сели Шумахер на Мајорка

Scroll to Top