Top Sport

Сала в петок ќе биде во Аргентина, од неговиот прв клуб порачаа: Те чекаме

Телото на трагично загинатиот фудбалер, Аргентинецот Емилијано Сала в петок ќе биде префрлено во неговата родна земја.

Според информациите, во сабота во просториите на клубот каде Сала играше до неговата 15-та година, Сан Мартино Де Прогресо последно збогум ќе му упатат сограѓаните, пријателите и членови на семејството.

Телото на фудбалерот на аеродромот во Буенос Аирес ќе пристигне во петок околу 9 часот, а потоа поворката ќе продолжи до неговиот роден град, Прогресо.

Неговиот прв клуб бил многу горд на Сала, па затоа на клупскиот сајт стои парола „Те чекаме“.

„Те чекаме… како и првиот ден кога си отиде, но овојпат ќе останеш со нас засекогаш. Отиде и стана пример за сите. Вечно во нашите срца“ објави клубот.

Колку Сала го задолжил овој клуб говори и фактот што планираат стадионот да го мреименуваат во „Стадион Емилијано Сала“.

Сите трошоци за пренесувањето на телото на фудбалерот ќе ги подмири Винсент Тан, сопственикот на Кардиф, клубот за кој Аргентинецот не настапи ниту минута.

Scroll to Top