Top Sport

Шуми Јуниор со Фетел на Трката на шампионите!

Европскиот Ф3 шампион, Мик Шумахер потврди дека ќе учествува на завршната Трка на шампиони во Мексико сити во јануари заедно со четирикратниот Ф1 шампион, Себастијан Фетел, шест години откако Фетел возеше со неговиот татко, седумкратниот шампион Михаел.

Фетел и Шумахер Сениор имаа успех како партнери, победувајќи шест пати едноподруго во Купот на нации од 2007 до 2012 година.

19-годишниот Мик Шумахер трката ќе ја искористи за промоција на фондацијата „Кип фајтинг“ инспирирана од неговиот татко.

„Пресреќен сум што добив покана да учествувам на Трката на шампионите како шампион во Европскиот Ф3 шампионатот, а уште подобро е што Германија ќе ја претставувам со Себастијан Фетел. Сакам да бидам достоен да бидам негов партнер и едвај чекам да дојде трката“, вели Шумахер Јуниор.

Во 2018 година Мик Шумахер оствари осум победи во последните 18 трки од Ф3 шампионатот за да го победи Ден Тиктам за титулата, и очекува следната сезона да вози во Формула 2 шампионатот, последнат станица пред Ф1.

 

View this post on Instagram

 

Super excited! #ROCMexico 19-20 january 2019, #TeamGermany with Sebastian Vettel. #TeamMS

A post shared by Mick Schumacher (@mickschumacher) on

Scroll to Top